Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ГАЛЕРИЈА: Пред 2-3 дена се вселија а веќе почнаа да го уништуваат новиот студентски дом Стив Наумов
    • Старец прегазен и усмртен на Градско-Велес, полицијата трага по возачот
    • Андоновски: Државата, граѓаните и компаниите мора заедно да го чекорат патот на дигиталната трансформација
    • Приведен тинејџер: Се заканувал на полицаец преку социјални мрежи
    • Радев бесен: Напад со дронови во Бугарија – еден брод потонал друг се запалил
    • Мицкоски: Откриени над 4.500 лажни корисници – починати и иселени примале социјална помош
    • Вработениот го фатил како краде, па му одговорил со тупаници – апсење на Бит Пазар
    • ФЗОМ ги усвои новите правила за боледување
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: По 20 години победивме во бастионот на СДС, Струмица и во 33 општини

    ВМРО-ДПМНЕ: По 20 години победивме во бастионот на СДС, Струмица и во 33 општини

    20.10.2025 во 10:332 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Овие локални избори ВМРО-ДПМНЕ оствари историски резултати. По 20 години ВМРО-ДПМНЕ победи во бастионот на СДС, Струмица, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

    „Уште во вториот круг кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Јанков го освои градоначалнички мандат, забележувајќи историска победа со разлика од над 5000 гласови.

    Освен во Струмица, ВМРО-ДПМНЕ победи и со тоа зазеде уште неколку општини во кои до сега градоначалници имаше СДСМ.

    Во прв круг ВМРО-ДПМНЕ ги зазеде од СДСМ следните општини, Берово, Делчево, Маврово и Ростуша, а ги водиме во Пробиштип, Демир Капија, Старо Нагоричане, Валандово каде ќе одиме на втор круг.

    ВМРО-ДПМНЕ освои градоначалници во првиот круг во 33 општини, додека СДС само во три помали општини.

    Берово, Битола, Босилово, Бутел, Василево, Вевчани, Велес, Гази Баба, Гевгелија, Ѓорче Петров, Градско, Делчево, Демир Хисар, Зелениково, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Кисела Вода, Кратово, Новаци, Ново Село, Охрид, Петровец, Пехчево, Прилеп, Радовиш, Ресен, Свети Николе, Сопиште, Старо Нагоричане, Струмица и Штип се општините кои во прв круг добија градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

    Освен победата во прв круг во скопските општини, ВМРО-ДПМНЕ со голема предност влегува во втор круг во општините Аеродром и Карпош, како и во Град Скопје.

    Покрај историската победа на ВМРО-ДПМНЕ и дебаклот на СДС, овие локални избори се забележува уште важен еден момент. ДУИ со нивната деструктивна и националистичка реторика и политика, е целосно декласирана.

    Ова се историски резултати ВМРО-ДПМНЕ, имајќи предвид дека минатите локални избори во 2021 година, во прв круг освоивме градоначалници во прв круг во 22 општини, додека СДС во девет. Годинава, за разлика од пред четири години, ВМРО-ДПМНЕ во прв круг освои градоначалници во 33 општини, додека СДС само во три и тоа во помали.

    На овие избори македонските граѓани покажаа дека сакаат Македонија да напредува и да се развива, избра луѓе кои ќе работат во нивен интерес и во интерес на државата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    ВРЕДИ: За две и пол години унапредени 428 Албанци во МВР

    06.10.2026 во 13:08

    Жерновски: Идентитетот ни е забетониран – Мицкоски ве лаже

    06.10.2026 во 12:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.