Close Menu
Press24
    Најново

    Добри вести за пензионерите – Пензиите се зголемуваат

    17.08.2026 во 10:29

    Ведрана Рудан пред смртта: На синот не му оставам ништо и не го сакам на мојот погреб

    18.08.2026 во 11:31

    Најчести резервоари на западнонилска треска се гавраните – Клековски со апел до граѓаните

    17.08.2026 во 13:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • НП „Шар Планина“ со апел до возачите на моторни возила да ја намалат брзината при движење низ планинското подрачје
    • Мадона го прослави 68. роденден на Крф
    • На полноќ посакајте си желба и погледнете кон небото: Божјите врати се отвораат за да ви ја исполнат
    • Жена им се заканувала на својот сопруг и нивните деца
    • Приведен тинејџер, возел четирицикл без возачка дозвола
    • Сиљановска-Давкова: Не смееме да заборавиме дека секој што напишал барем неколку реченици во недовршената македонска армиска приказна, оставил трага во нашата воена историја
    • Клековски: Утре детални резултати од контролата на прскањето против комарци
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДС, кои не однесоа ниту едно шише вода во Гостивар, заедно со Лимани се дел од локалната власт и имаат заедничка одговорност
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ЕУ ја одобри втората транша средства во рамките на Инструментот за реформи и раст

    ЕУ ја одобри втората транша средства во рамките на Инструментот за реформи и раст

    17.10.2025 во 13:062 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Со Одлука за спроведување на Европската комисија, Европската Унија го одобри второто ослободување на средства за Република Северна Македонија во рамките на Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан. Со оваа одлука се одобрува вкупен нето износ од 16 милиони евра, како комбинирана поддршка: дел неповратни средства и дел заем.

    Како што информира Министерството за европски прашања, од овој износ, 7,4 милиони евра се исплаќаат директно во државниот буџет, додека остатокот е наменет за финансирање на инфраструктурни проекти преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF). Вкупниот износ е утврден по одземањето на средствата кои се користат за порамнување на претфинасирањето, односно на авансно исплатените средства во рамките на инструментот.

    „Одлуката, која претставува признание за реформите што Владата ги спроведе во насока на усогласување со стандардите на Унијата, следува по позитивната оценка на Европската комисија за барањето доставено од министерот за европски прашања Орхан Муртезани, како национален координатор за Инструментот за реформи и раст. Комисијата утврди дека Северна Македонија ги исполнува предусловите и општите услови за ослободување на средствата, кои се однесуваат на демократското владеење, владеењето на правото, макроекономската стабилност и управувањето со јавните финансии“, соопшти Министерството за европски прашања.

    Како што с епосочува во соопштениеот, со оценката на Европската комисија се опфатени чекорите од Реформската агенда 2024-2027 со рок на реализација до јуни 2025 година.

    „Од вкупно 16 чекори, Република Северна Македонија пријави како исполнети девет, врз основа на процената направени од надлежните институции. Европската комисија, во рамките на сопствената техничка проценка, оцени дека четири од овие чекори се задоволително исполнети: три од областа на дигитализацијата и еден во делот на деловната средина кој се однесува на инспекциските надзори. Реализираните активности се однесуваат на усвојување на нов закон за безбедност на мрежи и информациски системи, усогласен со европската Директива за сајбер-безбедност (NIS2), на нов закон за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, со кој се воведува европскиот дигитален идентитет, како и на закон за архивски материјал со кој се воспоставува рамка за електронско архивирање во јавната администрација. Дополнително, Комисијата потврди значителен напредок во борбата против неформалната економија преку зголемен број инспекции од страна на трудовата и пазарната инспекција“, прецизираат од Министерството за европски прашања.

    За чекорите кои не се целосно реализирани, додаваат, Европската комисија утврди продолжен рок (грејс период) за нивна имплементација до јуни 2026 година.

    Прочитај повеќе

    НП „Шар Планина“ со апел до возачите на моторни возила да ја намалат брзината при движење низ планинското подрачје

    18.08.2026 во 23:49

    Жена им се заканувала на својот сопруг и нивните деца

    18.08.2026 во 22:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.