Close Menu
    Најново

    Кумановец со нож нападнал сограѓанка, синот ја одбранил, но и двајцата се повредени

    05.12.2025 во 15:37

    Алиу во обиколка на Клиника за ТОАРИЛУЦ: Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали во хируршкиот оперативен блок

    05.12.2025 во 15:31

    Муцунски во Виена ги презентираше владините политики за привлекување нови странски инвестиции

    05.12.2025 во 15:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Кумановец со нож нападнал сограѓанка, синот ја одбранил, но и двајцата се повредени
    • Алиу во обиколка на Клиника за ТОАРИЛУЦ: Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали во хируршкиот оперативен блок
    • Муцунски во Виена ги презентираше владините политики за привлекување нови странски инвестиции
    • Повторно блокиран граничниот премин Евзони
    • Димитриеска-Кочоска: Силната посветеност на Владата за инвестиции и зголемување на конкурентноста на команиите дава резултат, БДП во третиот квартал 3,8%
    • (ВИДЕО) Драматични снимки од Липково: Се отвори земјата – Огромна пукнатина на земјиштето се заканува на објекти и на населението
    • Царинска управа: Запленети цигари, лекови, психотропни печурки и 5.600 евра непријавени пари
    • Николоски од Брисел: Земјите на Коридор 10, Македонија, Грција, Србија, Унгарија и Австрија ќе потпишеме Договор за брза пруга 
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Вонреден надзор на Клиниката за неврологија: Кузмановски заработи парична казна

    Вонреден надзор на Клиниката за неврологија: Кузмановски заработи парична казна

    15.10.2025 во 15:17
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    По наредба од Министерството за здравство Државниот санитарен и здравствен инспекторат извршил вонреден инспекциски надзор на Клиниката за неврологија во врска со работа на Игор Кузмановски како директор на клиниката и како здравствен работник. Притоа, констатирано е дека откако бил именуван на функцијата директор нема податоци дека давал здравстени услуги, но оти  15.03.2025 година до кога му била важечка лиценцата, па до назначувањето на директорската позиција извршувал здравствена дејност. За ова Кузмановски ќе биде прекршочно парично казнет, а таква казна ќе има и за правното лице и за одговорно лице во правното лице. 

    -На ден 14.10.2025 година извршен е вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ УК за Неврологија Скопје по издадена наредба од Министер за здравство бр.17-9871/1 од 14.10.2025 година до Државниот санитарен и здравствен инспекторат,  а во врска со неговата работа како директор на клиниката и како здравствен работник, информираат од Министерството за здравство.

    Согласно надлежностите на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, велат оттаму, извршен е увид во персоналното досие на именованиот и останатата документација на клиниката во врска со предметот на инспекцискиот надзор 

    -При надзорот е констатирана следната фактичката состојба : Со решение од Министерство за здравство бр.11-8171/1 од 07.08.2025г. проф. д-р Игор Кузмановски е именуван за в.д. директор на ЈЗУ УК за Неврологија Скопје. Врз основа на решението, од страна на Управниот одбор на клиниката (УО) донесено е решение бр.0402-1885/1 од 21.08.2025г. за мирување на работното место на проф.д-р Игор Кузмановски доктор специјалист невролог раководител на Оддел за развојна неврологија сметано од 08.08.2025 година. Според календарот на активности во интегрираниот информатички систем Мој Термин за сите доктори специјалисти вработени во ЈЗУ УК за Неврологија Скопје за периодот од 01.01.2025г година заклучно со 30.11.2025 година се констатира дека д-р Кузмановски обавувал здравствена дејност до 08.08.2025 год. Со назначувањето на в.д.дирекор не се евидентирани здравстени услуги реализирани од негова страна. Од увидот во персоналното досие утврдено е дека има последна лиценца за работа издадена од Лекарска комора (ЛК) на Република Македонија бр.0009786 со важност до 15.03.2025 година. Од тој датум до денот на назначување на в.д. директор проф. д-р Игор Кузмановски обавувал здравствена дејност, се појаснува во соопштението.

    Од ДЗСИ велат дека во врска со работата на проф.д-р Игор Кузмановски како здравствен работник без важечка лиценца за работа ќе му биде издаден прекршочен платен налог според член 309 став 1 точка 1 од Законот за здравствената заштита, но оти ќе следи и прекршочен платен налог за правното лице и за одговорно лице во правното лице, односно претходниот директор.

    Од увидот во персоналните досиеја на останатите доктори, вкупно 33, се констартира дека сите лиценци се во рок на важност.

    Во врска со работењето на клиниката било констатирано дека специјалистички извештаи после извршените прегледи кај докторите се оверуваат (со со факсимил на докотрот и печат на здравствената установа) од страна на административните работници на пултот, што не е во согласност со член 13 од Законот за евиденциите во областа на здравството.

    За сите констатирани недостатоци во однос на работата на ЈЗУ УК за Неврологија Скопје, ќе биде издадено решение за наредба за отстранување на недостатоците.

    Популарно

    Уапсена АИ министерката Диела – ја фатиле како прима мито

    04.12.2025 во 19:59

    (ВИДЕО) Авион полн со патници се запали – Драма на аеродромската писта, луѓе врескаат во паника

    05.12.2025 во 10:32

    Трагедија ја потресе Македонија: Тинејџер од Скопје пронајден починат

    05.12.2025 во 13:13

    Падна просветен инспектор: Малтретирал наставничка за време на надзор во струмичко

    05.12.2025 во 13:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.