Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Алексовски: Развој на локалитетот Калин Камен и прочистителна станица во Крива Паланка

    Алексовски: Развој на локалитетот Калин Камен и прочистителна станица во Крива Паланка

    14.10.2025 во 21:442 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Кандидатот за градоначалник на општина Крива Паланка, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Оливер Алексовски, на денешниот митинг во рамките на изборната кампања под слоганот Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!, истакна дека општината ќе биде пример за развој, со конкретни проекти и визија во областа на инфраструктурата, образованието, културата, спортот и соодветна грижа за младите и постарите.

    „По децении ветувања-нашиот планински бисер, локалитетот на Калин Камен ќе го добие заслуженото место на туристичката карта, поставувањето на ски лифтот на локалитетот ќе значи реален развој на Калин Камен. Поддршката за младите и спортот ќе биде реална и конкретна, ќе славиме заеднички победи со проектот 100.000 евра годишно за спортот во Крива Паланка. Изградба на ново сообраќајно решение со мост и семафорска раскрсница за поврзување на главната улица „Св. Јоаким Осоговски“ со патниот правец А2 и населбата Бегови Бавчи. Изградба на нов мост преку Крива река во ширина од 7 метри со тротоари за безбедност на учениците и учесниците во сообраќајот“, рече Алексовски.

    Кандидатот за градоначалник на Крива Паланка, Оливер Алексовски истакна дека ќе се инвестира во патната инфраструктура, младите и спортот, но воедно и Крива Паланка ќе добие спортски терени, нови детски игралишта и прочистителна станица за отпадни води на Крива река.

    „Ќе градиме локална и регионална патна инфраструктура, со предвидени над 40 километри асфалтирање на патни правци во  повеќе села. Ќе градиме и канализациони системи, ќе ги одржиме постојните и нови зелени површини. Ќе го ставиме во функција градскиот базен, спортот ќе доживее експанзија со доуредување на спортската сала кај мотел Македонија. Младите ќе имаат централно место во нашето работење, ќе формираме центар за млади,  младите ќе добиваат не само стипендии, туку  спортистите ќе имаат буџет за спортски ваучер, ќе се отвори локално радио Крива Паланка, ќе поддржиме младински старт-апи, ќе се градат и уредуваат нови детски игралишта, спортски терени, ќе ги обновиме училиштата. Крива Паланка ќе добие главен колектор и прочистителна станица за отпадни води на Крива Река, проект за кој етапно ќе изнаоѓаме средства“, вели Алексовски.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.