Вчера во 10:00 часот во СВР Скопје, 35-годишен маж од Куманово пријави дека бил измамен од две лица за сума од 1.110.000 денари.
Според пријавеното, лицата го контактирале на мобилни апликации, претставувајќи се како сопственици на градежни машини, за кои пријавителот бил заинтересиран да ги купи. Како што е пријавено, откако се договориле, тој по насоки од едното лице ги предал парите на другото лице на каса прими на приватен субјект, а откако го контактирал лицето за да ги подигне машините тој му рекол дека работи сам и дека парите требало да ги уплати на негова сметка. Исто така, според пријавеното, истите машини ги видел пуштени на оглас за продажба, по што сфатил дека бил измамен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
- Во близина на минхенскиот аеродром забележана дива мачка за која се сомнева дека е пума
- Разбиен синџир за шверц со мачки – Украдени илјадници миленици за месо во Виетнам
- Најстудено вечерва во Берово – Погледнете ги измерените температури во 23 часот
- СЗО бара официјални информации од Русија: Истрага за смртта на научничка во Иркутск по сомневањата за белодробна чума
- Во петок можни се пречки во мрежите и ГПС – се очекува умерена геомагнетна бура од категорија G2
- Инцидент во рудникот „Трепча“: 63 рудари останаа заглавени под земја
- Танкер погоден од повеќе ракети во близина на Катар – има жртви
- Татко случајно ја усмрти тригодишната ќерка со земјоделска машина во сопствениот двор – Трагедија во Албанија

