Close Menu
Press24
    Најново

    (ФОТО) Мицкоски: Пуштена во употреба спортската сала „Расадник“ во Кисела Вода, условите се светски

    11.06.2026 во 12:27

    Ревизија откри хаос со социјалната помош: Стотици граѓани истовремено земале и пензија и социјална помош

    11.06.2026 во 12:17

    Мицкоски: Барањата од Бугарија не се нови, со промената на Уставот само се отвора Пандорината кутија

    11.06.2026 во 12:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • (ФОТО) Мицкоски: Пуштена во употреба спортската сала „Расадник“ во Кисела Вода, условите се светски
    • Ревизија откри хаос со социјалната помош: Стотици граѓани истовремено земале и пензија и социјална помош
    • Мицкоски: Барањата од Бугарија не се нови, со промената на Уставот само се отвора Пандорината кутија
    • Костадиновска-Стојчевска: Гаши да овозможи надзорна расправа, власта и Љутков не се грижат за македонскиот јазик
    • Лефков: Над 80% од граѓаните се против уставни измени под диктат, Филипче ги поддржува затоа што е уценет
    • УХМР издаде метео аларм: Попладне доаѓа невреме
    • Солидарност на дело: Општина Карпош доделува по 100.000 денари за семејствата на загинатите на обиколницата
    • Сали: ИПА останува клучен инструмент за забрзување на реформите и приближување на Македонија кон ЕУ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Руски државјанин притворен во Скопје: Изнудил 20.000 евра со закани по живот

    Руски државјанин притворен во Скопје: Изнудил 20.000 евра со закани по живот

    10.10.2025 во 15:381 Min Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Русија, а со престојувалиште во Босна и Херцеговина, поради основано сомнение  дека во земјава извршил кривично дело – Изнуда од член 258 став 1 од Кривичниот законик.

    Осомничениот, во периодот од јули 2024 година до 09.10.2025 год. во Скопје, со намера да прибави противправна имотна корист за друго лице, со сериозна закана дека ќе нападне врз животот и телото на еден оштетен, го присилил да му исплати износ од 20.000 евра. Во повеќе наврати му се заканувал на оштетениот дека доколку не го врати неговиот наводен долг кон лице од Босна и Херцеговина, во вкупен износ од 300.000 евра ќе му го загрози животот нему и на неговото семејство.

    Осомничениот стапил во контакт со оштетениот со кој остварил повеќе средби, а на средбата на 09.10.2025 година од оштетениот зел 20.000 евра, по што бил лишен од слобода.

    Бидејќи постои опасност од бегство, можност осомничениот да влијае врз сведоци и врз оштетениот, како и ризик да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.

    Прочитај повеќе

    Финансиска полиција со кривична пријава – Штета од над 127 милиони денари

    11.06.2026 во 11:18

    Доброволци и пожарникари се бореа со огнот – Изгаснат пожарот во Штип

    11.06.2026 во 09:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.