Close Menu
Press24
    Најново

    Убиство ја потресе Македонија: Битолчанец си ја убил 31-годишната сопруга

    14.05.2026 во 10:16

    Депонијата „Краста“ повторно гори

    14.05.2026 во 10:05

    (ВИДЕО) Расчистена кражба во Скопје: Приведени две момчиња кои украле велосипед пред теретана

    14.05.2026 во 09:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Убиство ја потресе Македонија: Битолчанец си ја убил 31-годишната сопруга
    • Депонијата „Краста“ повторно гори
    • (ВИДЕО) Расчистена кражба во Скопје: Приведени две момчиња кои украле велосипед пред теретана
    • СДСМ: Гоце Делчев би се гадел од ВМРО-ОКГ и Мицкоски
    • ВМРО-ДПМНЕ: Правдата во Македонија уште еднаш ставена во служба на СДС и ДУИ
    • Дневен хороскоп: Близнаците да не брзаат со донесување одлуки, Шкорпијата да ја прифати реалноста
    • ВЛЕН: Потпишан договор за зголемување на платите на општинската администрација во Тетово
    • Почина новинарот Живко Георгиевски
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » МФ: Се укинува ослободувањето од ДДВ за онлајн пратки во вредност до 22 евра

    МФ: Се укинува ослободувањето од ДДВ за онлајн пратки во вредност до 22 евра

    09.10.2025 во 16:511 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Со цел зајакнување на домашната економија, поддршка на локалните компании и создавање нови работни места, Владата усвои измени и дополнувања на Законот за данок на додадена вредност, со кои се укинува ослободувањето од ДДВ за онлајн пратки во вредност до 22 евра. Законските измени веќе се во собраниска процедура, а нивното спроведување се очекува да има директни позитивни ефекти врз економијата и работењето на домашните компании, се вели во соопштението од Министерство за финансии. 

    -Со оваа мерка, околу 4 милиони денари месечно, колку што во одредени периоди изнесува прометот кон странските онлајн платформи, ќе се пренасочат кон домашното стопанство. Овие средства ќе придонесат за развој на локалните компании, отворање нови работни места и исплата на повисоки плати на вработените. Ова претставува значаен чекор во заштита и поддршка на домашната економија, особено во услови на зголемена глобализација и дигитална трговија, стои во соопштението до МФ.

    Дополнително, измените ќе помогнат во намалување на сивата економија, имајќи предвид дека досегашниот систем овозможуваше злоупотреби – односно увоз на стоки ослободени од данок кои понатаму се продаваат на домашниот пазар.

    -Со оваа измена, државата испраќа јасен сигнал на поддршка за домашните компании кои создаваат додадена вредност и вработуваат граѓани во земјата, нагласуваат од МФ.

    Прочитај повеќе

    Убиство ја потресе Македонија: Битолчанец си ја убил 31-годишната сопруга

    14.05.2026 во 10:16

    Депонијата „Краста“ повторно гори

    14.05.2026 во 10:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.