Close Menu
    Најново

    Борче Марковски, сопственикот на „Марковски компани“ оди во затворски притвор од 30 денови

    11.10.2025 во 15:40

    Зеленски: Мора да му одговориме на непријателот

    11.10.2025 во 15:36

    Муцунски: Во целост ја отфрлам дезинформацијата дека постои било каков договор со Обединетото Кралство за прифаќање мигранти 

    11.10.2025 во 15:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Борче Марковски, сопственикот на „Марковски компани“ оди во затворски притвор од 30 денови
    • Зеленски: Мора да му одговориме на непријателот
    • Муцунски: Во целост ја отфрлам дезинформацијата дека постои било каков договор со Обединетото Кралство за прифаќање мигранти 
    • Тетовец измамен за 64.000 евра
    • Битолчанец продавал марихуана на затвореници
    • Трамп најави нови 100 отсто дополнителни царини за увозот од Кина
    • До ОИК Штип поднесени 152 барања од болни и немоќни лица за да гласаат во домашни услови
    • Андоновска: Со недистанцирање и неизвинување за Тричковски, Филипче се става на негова страна
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Османи: Економски мерки за млади и за жени- субвенции, грантови и школа за жени претприемачки

    Османи: Економски мерки за млади и за жени- субвенции, грантови и школа за жени претприемачки

    09.10.2025 во 14:28
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, денес одржа прес-конференција на улицата позната како „Пластичарска“, каде што заедно со кандидатите за советници разговараше со сопственици на дуќани и им ја претстави програмата во делот на економските мерки. Фокусот, како што истакна, е ставен на младите и жените како носители на локалниот економски развој.

    „Чаир е можеби најгусто населената општина во Европа, со 80.000 жители на само 3,5 квадратни километри, од кои повеќе од 14% се млади под 30 години. Затоа е многу важно да се создаде економска перспектива за оваа генерација, преку нивното економско ангажирање и поддршка“, изјави Османи.

    Тој најави формирање на Центар за иновации и бизнис, кој ќе им овозможи на младите претприемачи советодавна и техничка поддршка за развој на нивните идеи и старт-ап иницијативи.

    „Општината ќе формира центар на експерти за да им помогне на младите со нивните идеи, со развојот на нивните претприемачки иницијативи и мали бизниси“, рече Османи.

    Во рамките на програмата, предвидени се субвенции за младите што ќе започнат сопствен бизнис, како и грантови за првите плати на фирмите што ќе вработуваат млади лица.

    Посебен дел од економската програма е наменет за економското зајакнување на жените. Османи најави создавање на прва школа или академија за жени во занаетчиство, каде што учесничките ќе стекнат сертификати за отворање сопствени бизниси.

    „Општината ќе ги субвенционира тие бизниси, затоа што жените мора да добијат можност да станат активен дел од локалната економија на Чаир“, нагласи Османи.

    Тој најави и формирање на Економско-социјален совет кој еднаш месечно ќе ги обединува општината, бизнис заедницата и младинските организации за да ја дефинираат стратегијата за понатамошен локален развој.

    „Ова е дел од пакетот што сигурно ќе го реализираме. Но за вистински економски напредок, треба да го отвориме патот кон Европската Унија и европските фондови, кои се клуч за нова економска енергија во општината“, истакна Османи.

    Тој посочи дека за да има локален економски развој потребено е и национален економски развој, нешто што во моментов не се случува заради лошото водење на надворешната и економската политика од страна на владата.

    „Но, не може да се започне ниту еден проект без да се зборува за единствената перспектива што им дава шанса на младите, што ѝ дава шанса на државата. А тоа е интеграцијата во Европската унија. Знаете дека пред пет месеци ја оставивме земјата со започнати преговори со ЕУ. Сега, таа перспектива е целосно блокирана. Таа повеќе не е дел од јавната дебата. Никој веќе не зборува за европската иднина. Стотици милиони евра од фондовите на ЕУ, кои денес ги користат Албанија, Црна Гора и земјите од регионот, Македонија не ги користи. Самата блокада на патот кон интеграциите направи странските инвеститори веќе да немаат интерес за оваа земја“, потенцираше Османи.

    Популарно

    Уапсен крадец во Кавадарци, следува соодветна пријава

    10.10.2025 во 18:14

    Падна дилер од Радовиш – полицијата му најде дрога пред влезната врата

    10.10.2025 во 15:11

    Филипче за разрешениот директор на Неврологија: Лекарската комора да провери дали во една таква состојба доктор воопшто може да лекува пациенти

    11.10.2025 во 13:22

    Борче Марковски, сопственикот на „Марковски компани“ оди во затворски притвор од 30 денови

    11.10.2025 во 15:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.