80 години подоцна: Извлечен првиот брод од потопената нацистичка флота на Дунав

Првиот брод од потопената германска речна флота од Втората светска војна е извлечен од дното на Дунав кај Прахово, објави српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ, и најави дека овие операции ќе продолжат и во наредните месеци.

Весиќ рече дека германските сили ги потопиле нивните речни флоти на Дунав и Црното Море во 1944 година со цел да го отежнат навлегувањето на Црвената армија во Дунав. Тој најави дека од Дунав ќе бидат извадени вкупно стотина нацистички брода.

 

„Секој брод што е изваден се подложува на детаљна проверка со демонтирање на експлозивните направи што останале во нив. Фотографиите од првиот брод покажуваат колку експлозивни направи останале на бродовите. Сето ова било во Дунав осум децении“, изјави Весиќ на „Инстаграм“.

Тој додаде дека Црвената армија отстранила дел од бродовите со цел да го ослободи водениот пат на крајот на 1944 година, а потоа во пролетта 1945 година. „Оттогаш, речиси осум децении, ништо не е направено во однос на извлекувањето на германската нацистичка речна флота“, истакна Весиќ.

Кога ќе заврши процесот, јавноста ќе може да види дел од потонатата флота, која 80 години ја отежнува пловидбата во тој дел на Дунав.

07.08.2024 - 13:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега