500 работни места: Нови две инвестиции, најави Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски најави две нови инвестиции во наредниот период кои треба да вработат 500 луѓе.
-Преговараме и очекувам овој месец, до крајот, да имаме две инвестиции. Едната ќе биде проширување на еден постоен погон, а другата ќе биде сосема нова инвестиција коишто ќе обезбедат, отприлика, до 500 работни места. Инвестициите ќе бидат до кај 50-тина милиони евра. Очекувам овој месец да ги завршиме, рече Мицкоски.
Вели дека и за декември планирано е склучување договори за нови инвестиции.
-Веќе следниот декември најмалку уште две и почеток на една со ставање на камен темелник. Инвестициите ќе бидат во градежништво и во автомобилската индустрија, рече Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа