Четириесет и седумгодишна државјанка на Република Турција синоќа била пронајдена почината во стан на подрачјето на скопската општина Аеродром.
Според информациите од полицијата, случајот во СВР Скопје бил пријавен на 19.11.2026 година во 22:45 часот.
Пријавата се однесувала на починатата Д.Б.(47) од Република Турција, која била пронајдена во станот.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на починатата било предадено на обдукција.

