Close Menu
Press24
    Најново

    Добри вести за пензионерите – Пензиите се зголемуваат

    17.08.2026 во 10:29

    Герасимовски: И оваа година бесплатни униформи за сите ученици од прво до деветто одделение

    17.08.2026 во 10:22

    Најчести резервоари на западнонилска треска се гавраните – Клековски со апел до граѓаните

    17.08.2026 во 13:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Претходната Влада ја стави Македонија во предавнички-губитничка позиција
    • Мицкоски: Доколку ги споредиме месечните растови на оваа со владите на СДСМ, сега за 70% расте просечната плата месечно повеќе, а пензиите за 325% повеќе
    • Мицкоски: Ако опозицијата бара избори, ќе ги договориме термин и ќе победиме
    • Фрчкоски: Пет недели Гостивар без вода, ВМРО наместо одговорност и решение – здравица и славење
    • Тинејџер го нападнал својот татко
    • Уапсен маж: Го истепал синот, бил агресивен и кон сопругата
    • Редици од странски возачи на Табановце: Ги стигнаа казните на Сејф сити
    • ЦУК: До 18 часот осум активни пожари и три под контрола
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ѓорѓиевски: Прво чистење на Скопје, па Лунапарк – за 72 часа градот ќе биде исчистен од ѓубре

    Ѓорѓиевски: Прво чистење на Скопје, па Лунапарк – за 72 часа градот ќе биде исчистен од ѓубре

    29.09.2025 во 12:425 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „Прво човек, потоа градоначалник“ е слоганот со кој кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, се претставува во кампањата за локалните избори. На прес-конференција денеска тој ја презентираше програмата „Визија за Скопје 2025-2045“ зад која, рече, стои неговиот тим од стручни соработници.

    Програмата се заснова на седум главни столбови, како што рече „темелите на иднината на нашиот град“ со кои „почнува урбаната ера која Скопје ќе го преобрази во европска метропола“: 1. Одржлив урбан развој во следните 20 години; 2. Здрава животна средина, 3.Целосна комунална обнова на градот; 4. Враќање на културниот идентитет на Скопје; 5. Дигитална трансформација и паметни решенија; 6. Скопје – град на младите и науката и 7. Јакнење на јавната грижа и безбедноста. Како што рече, од седумте столбови ќе произлезат стотици проекти, „речиси по еден за секој ден од годината“. 

    Ѓорѓиевски соопшти дека ќе формира меѓународен борд на светски експерти, ќе соработува со универзитети во Торино, Солун, Љубљана.., и со локални експерти избрани на конкурс ќе изработи 20-годишен план – визија за главниот град која, како што рече, ќе ги интегрира урбанизамот, мобилноста, зелената инфраструктура, енергетската ефикасност, управувањето со ресурси, социјалната инклузија и заштитата на нашето културно наследство. Целта е да се создаде „отворен, конкурентен и здрав град“. 

    Неговата програмата предвидува враќање на функцијата градски архитект, ќе се формира совет за урбан развој како гаранција за европски стандарди во урбанизмот и ќе се формира јавно претпријатие „Урбан центар Скопје“ кое ќе ги изработува планските документи – професионално и транспарентно. Секој нов јавен објект што ќе се гради ќе биде предмет на јавен конкурс, а тоа ќе значи, рече, фер конкуренција, квалитет и најдобри решенија за Скопје, 

    -Визијата 2025-2045 не е само изборна програма, таа е патоказ за иднината, план што не се мери во мандати, туку со генерации. Визија што ќе остави стабилни темели и ќе создаде ново лице на градот што со гордост ќе му го предадеме на следните генерации. До 2045 ја гледам метрополата Скопје како град што дише прку своите зелени коридори, како град што се движи преку еколошки и интегрирани транспортни решенија, како град што живее преку јавни простори што повторно им припаѓаат на нашите граѓани. Ова не е само план за градба, ова е модел на ново живеење по мерка токму на вас, луѓето, истакна Ѓорѓиевски  за визијата за Скопје врз чија основа ќе биде донесен Генералниот урбанистички план. Додаде дека со новиот концепт „ќе се стави крај на хаосот на неконтролираното и штетно градење какво што имаме во моментов“.

    Тоа што нуди програма-визија за следните 20 години, рече Ѓорѓиевски одговарајќи на новинарско прашање, не е поради тоа што проблемите не можат да се решат во мандат од четири години, но таа долгорочност, според него, значи извесност за перспективата на градот „кој сега е во незивесност и нефункционалност“. 

    Приоритет му е хуманизација на главниот град затоа што, рече, во овој момент не може да зборува за Лунапарк кога Скопје е во хаос и нехумани услови и неговите граѓани се гушат во депонии што ги има во секое маало. И затоа, прва работа што ќе ја направи кога ќе стане градоначалник, ќе биде негово чистење и, рече, за 72 часа во голема кооридинирана акција со сите општини главниот град ќе биде исчистен од отпад и ѓубре.

    -Состојбата во Скопје за мене е дополнителен мотив – од една ваква руинирана состојба во градот направиме нешто со кое сите заедно ќе се гордееме. Имам  сериозен тим, одлична советничка листа, имам експерти – домашни, и меѓународни, практично за секој од столбовите да  може за многу кусо време да почне да се реализира. На Скопје му требаат темелни промени и јас сум спремен да дадам сè од себе, да не се штедам и до последен атом да се вложам – за мојот народ конечно да добие град и метропола каква што заслужува … Ова е работа во која не треба да се прават експерименти, видовме дека експериментите многу нè чинат. Како скопјани живееме во агонија подолг временски период, во проблеми кои не дозволуваат денеска јас да говорам за Лунапарк затоа што ние денес говориме за чистење на комуналниот отпад во градот, за минидепонии пред секое училиште и градинка … Најпрво да ги решиме проблемите кои со години го мачат народот, да создадеме основни хумани услови за живот кои прилегаат за 21 век, а подоцна ќе се фокусираме и на сите проекти коишто ќе значат претворање на Скопје во модерна европска престолнина, истакна Ѓорѓиевски кој на првата прес-конференција зборуваше за првиот стоб на програмата – визија за Скопје во следните 20 години.

    Посочи на неговото искуство како градоначалник на Кисела Вода која, рече, ја направил транспарентна и средена  општина со сериозни резултати и без поделба на граѓаните. Затоа вети рамномерен развој на главниот град, достапност за сите граѓани, без оглед на нивните припадности, отвореност за соработка и прифаќање на добри проекти од неговите опоненти во кампањата и одговорно и посветено извршување на работните задачи на вработените во Град Скопје кога ќе стане градоначалник

    Прочитај повеќе

    Солидарноста на дело: Скопските пожарникари заминуваат за Мариово да го гаснат пожарот

    19.08.2026 во 18:10

    Дел од Гази Баба утре ќе остане без струја

    19.08.2026 во 17:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.