Зошто пријателите на исчезнатиот Матеј не може да бидат испрашани во Хрватска: Откриено што се случува со момчињата и што се чека

Во потрагата по исчезнатиот Матеј Периш од Сплит се вклучени единиците на српското МВР.

Инспекторите досега успеале да утврдат каде се движел Периш во критичната ноќ, но не и зошто.

"Се обидуваат да откријат зошто Матеј, одненадеж, без јакна и сам, излегол од клубот Готик, во кој бил со пријателите. Исто така, се обидуваат да добијат одговор на прашањето зошто Матеј трча по излегувањето од клубот", објаснува изворот на српски „Курир“.

Тој додал дека одговорот на овие две, според некои многу важни прашања, би можеле да ги дадат пријателите на Периш, кои пред неколку дена го напуштиле Белград и се вратиле во Сплит.

"Тие во Србија беа испрашани неколку пати, минале и полиграфско тестирање, а секако повторно ќе бидат сослушани во Хрватска. Но, некои од нив моментално имаат коронавирус, па се чека да оздрават, за да можат да дадат изјави и да разјаснат уште некои нејаснотии", рекол соговорникот на „Курир“ и додал дека е очигледно дека Матеј сакал некаде да оди, бидејќи се обидел за сопре такси, но потоа од сосема нејасни причини заминал кон реката, каде камерата последен пат го снимила.

 

Началникот на Управата на криминалистичката полиција и помошник директор на полицијата на Хрватска, Антонио Геровац на прес-конференција изјавил дека пријателите на исчезнатиот Матеј се клучен извор на информации.

"Српската полиција детално разговарала со нив. Инспекторите кои работат на случајот се најискусни инспектори и морам да кажам дека станува збор за вистински професионалци. Хрватската полиција ќе преземе одредени работи во однос на пријателите, да се објаснат одредени нејаснотии кои постои во делот на исчезнувањето. Со нив ќе се водат разговори додека ние сметаме дека треба", нагласил Геровац. Видеото од прес-конференцијата можете да го видите тука.

Екипата од седум момчиња од Сплит прво со автомобил заминала во Загреб, а потоа таму изнајмиле комбе со кое на 30-ти декември тргнале кон Белград, каде изнајмиле апартман. 

14.01.2022 - 21:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега