Close Menu
Press24
    Најново

    Трчајте на бензинска, РКЕ одлучи: поскапуваат нафтата и бензинот

    07.09.2026 во 12:49

    Нови цени на горивата од полноќ

    07.09.2026 во 08:58

    Силен земјотрес утрово во Охрид и Струга

    08.09.2026 во 06:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ЗНАМ за 8 Септември: Независноста е наша обврска да изградиме силна и европска Македонија
    • Минчев по повод 8 Септември: Независноста е одговорност, да оставиме држава во која младите ќе сакаат да живеат
    • Сиљановска-Давкова за 8 Септември: Независноста е секојдневна задача, мора да ги завршиме задачите за младите да не заминуваат
    • ВМРО-ДПМНЕ со честитка за 8 Септември: Независноста е одговорност и аманет за идните генерации
    • Времето денеска сончево и топло со температури до 36 степени, од утре попладне можно невреме со град
    • Македонец од Радуша убиен во Берлин
    • Сиљановска: Секое иселување кине нишка во македонското ткиво
    • Денеска топло со малку ветре – од утре доаѓа дожд
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ЗНАМ за 8 Септември: Независноста е наша обврска да изградиме силна и европска Македонија

    ЗНАМ за 8 Септември: Независноста е наша обврска да изградиме силна и европска Македонија

    08.09.2026 во 10:151 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    По повод 8 Септември – Денот на независноста, политичката партија Движење ЗНАМ за наша Македонија упати празнична честитка до сите граѓани, потенцирајќи ја важноста на зачувувањето на државноста и градењето сигурна иднина.

    Од ЗНАМ потсетуваат на референдумското изјаснување од 1991 година како историски момент за земјата.

    „Пред 35 години, со референдумот на 8-ми Септември 1991 година, народот ја потврди својата историска одлука – да живее во суверена, самостојна и независна држава“, се вели во соопштението.

    Од партијата истакнуваат дека одбележувањето на 35-годишнината од независноста носи и одговорност за обезбедување еднакви можности за сите граѓани.

    „Денес, 35 години подоцна, независноста е наша чест, но и наша обврска. Обврска да ја чуваме државноста, да го браниме достоинството и да создадеме Македонија во која секој граѓанин ќе има сигурна иднина и еднаква можност за успех. Македонија е наша татковина. Независноста е наше наследство. Иднината е наша заедничка обврска. Да продолжиме заеднички да ја градиме силна, стабилна, достоинствена и европска Македонија“, нагласуваат од ЗНАМ.

    На крајот од соопштението, од Движењето ЗНАМ за наша Македонија упатуваат празнични честитки по повод јубилејот.

    „Честит 8-ми Септември! Честити 35 години независна Македонија!“, стои во соопштението од партијата.

    Прочитај повеќе

    Минчев по повод 8 Септември: Независноста е одговорност, да оставиме држава во која младите ќе сакаат да живеат

    08.09.2026 во 10:14

    Сиљановска-Давкова за 8 Септември: Независноста е секојдневна задача, мора да ги завршиме задачите за младите да не заминуваат

    08.09.2026 во 10:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.