Подгответе ги топлите облеки – Македонија се наоѓа под влијание на силна циклонска активност која во наредните денови ќе донесе променливо време и значително заладување. Како што информираат од УХМР, поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер утре врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места.
Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни.
Температурата ќе биде во опаѓање.
- Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа
- Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило
- Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација
- Земјотрес ја погоди Србија
- Купил возачка дозвола за 1.000 евра и тргнал на пат – Украинец уапсен на граница во Црна Гора
- Дронови потопија брод кај бугарскиот брег, екипажот е спасен
- Доаѓа Митровден – Што значи ако врне, а што ако сонце грее
- Се урна хеликоптер во близина на Брчко, загинаа 4 лица, неколкумина се повредени

