Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени: Нафтата поевтина но дизелот ќе биде поскап

    21.09.2026 во 10:57

    Утре пристигнува првиот снег во регионот

    21.09.2026 во 11:22

    Регулаторна одлучи: Од полноќ големо поскапување на дизелот

    21.09.2026 во 15:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Оваа есен менува сè: Овие 4 хороскопски знаци пред големи одлуки
    • Макрон од говорницата на ОН предупреди дека во светот „се враќа законот на џунглата“
    • Зеленски од Њујорк: ММФ ќе ја гарантира финансиската стабилност на Украина во 2027 година
    • Претседателката: Мора да се стави крај на неевропското блокирање на нашите преговори
    • Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Чешката Република
    • Трајков во Брисел ја истакна целосната посветеност на Македонија на европскиот пат
    • Нов воен договор за Гренланд: САД добиваат поголем пристап, слобода на движење и нови одбранбени зони
    • 82-годишник почина по тепачка со 76-годишник за лежалка на плажа во Грција
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Жолто предупредување за поплави: УХМР најавува висок водостој во Струмица, Гевгелија, Валандово и Охридско-Преспанскиот регион

    Жолто предупредување за поплави: УХМР најавува висок водостој во Струмица, Гевгелија, Валандово и Охридско-Преспанскиот регион

    04.12.2025 во 16:161 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде „жолто“ ниво на предупредување за поплави, поради најава за обилни врнежи предизвикани од циклонска активност, кои се очекуваат во текот на ноќта и утрешниот ден во јужните и југоисточните делови на земјата.

    Од УХМР посочуваат дека се очекува зголемен водостој на реките и суводолиците во овие региони, со потенцијална опасност од локални излевања.

    УХМР предупредува дека висок водостој е можен во следните сливови и региони:

    • Струмички регион: Сливот на река Струмица.
    • Гевгелиско-Валандовски регион: Река Анска, река Калковска и останатите помали реки и суводолици.
    • Дојрански регион.
    • Реки од Кожув: Река Бошава, река Дошница, река Коњска, река Кованска, река Серменинска, река Петрова и другите помали реки.
    • Долниот дел од сливот на Вардар.
    • Битолски регион: Река Елешка (во сливот на Црна Река).
    • Охридско-Преспански регион.

    Доколку прогнозираните количини на врнежи се остварат, можно е да проработат помалите реки и суводолици, што локално може да предизвика излевања.

    „Предупредуваме на внимателно движење покрај реките и суводолиците во јужните и југоисточните делови на земјата во текот на утрешниот ден,“ апелираа од УХМР.

    Прочитај повеќе

    Претседателката: Мора да се стави крај на неевропското блокирање на нашите преговори

    22.09.2026 во 21:53

    Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Чешката Република

    22.09.2026 во 21:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.