Close Menu
Press24
    Најново

    Кривична пријава за стружанец: Се заканувал на сопствената сестра

    04.08.2026 во 21:02

    (ВИДЕО) Двајца косовски државјани уапсени во Скопје: Во „голф“ им пронашле над 230.000 фалсификувани евра

    04.08.2026 во 20:47

    Шестмина загинати и 34 повредени во тешка сообраќајна несреќа во Италија

    04.08.2026 во 20:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Кривична пријава за стружанец: Се заканувал на сопствената сестра
    • (ВИДЕО) Двајца косовски државјани уапсени во Скопје: Во „голф“ им пронашле над 230.000 фалсификувани евра
    • Шестмина загинати и 34 повредени во тешка сообраќајна несреќа во Италија
    • Македонските аеродроми бележат историски рекорди, посочи Николоски
    • Николоски: Секогаш сме спремни за избори
    • Николоски: Најтешката делница од автопатот Кичево-Охрид ќе се пушти во следните месеци, целиот автопат готов до мај
    • Поларен бран го парализираше Нов Зеланд: Затворени училишта, патишта и откажани фериботи
    • Во сабота е голем празник – заштитничката од разни несреќи
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Животната средина и бизнисот на една маса: Хоџа се сретна со делегација од СКСЗМ 

    Животната средина и бизнисот на една маса: Хоџа се сретна со делегација од СКСЗМ 

    15.01.2026 во 17:251 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Скопје, 15.01.2026 Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денес одржа работен состанок со делегација од Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ), предводена од в.д. претседателот Нухи Алиу.

    За време на состанокот, на кој членовите на комората му го честитаа мандатот на министерот Хоџа, беше договорено страните да го продлабочат институционалното партнерство и размената на идеи за прашања од заеднички интерес.

    На состанокот се разговараше на теми поврзани со имплементацијата на еколошките стандарди, просторното планирање, управувањето со отпадот, енергетската ефикасност, како и влијанието на еколошките политики врз економскиот развој и бизнис-климата во регионот каде што дејствува СКСЗМ.

    Министерот Хоџа истакна дека Министерството за животна средина и просторно планирање го смета бизнис-секторот за важен партнер во изградбата на одржлив развој и усогласувањето на еколошките политики со реалните потреби на економијата. Тој нагласи колку е значаен отворениот дијалог и континуираната комуникација за пронаоѓање практични и избалансирани решенија.

    Претставниците на СКСЗМ изразија подготвеност за понатамошна соработка, претставувајќи ги предизвиците со кои се соочуваат бизнисите, како и конкретни предлози за подобрување на процедурите и поддршка на зелени инвестиции.

    Прочитај повеќе

    Падна цената на нафтата

    04.08.2026 во 17:27

    Македонија прва во Европа по растот на минималната плата

    04.08.2026 во 14:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.