ОВР Струга поднесе кривична пријава против Л.О.(40) од струшкото село Октиси поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојничка кражба“.
На 28.08.2026 во едно струшко село, таа физички нападнала 81-годишен жител на селото во неговиот дом, по што му одзела пари.
По преземени мерки, полициските службеници од ОВР Струга ја пронајдоа Л.О. и ја лишија од слобода.

