Земјотрес ја стресе БиХ - го почувствувале и во Хрватска
Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала синоќа ја погоди Билеќа, покажуваат податоците на Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Земјотресот се случил во 1 часот по полноќ, на 18 километри од Билеќа, на длабочина од 10 километри, а бил почувствуван и во други градови во Херцеговина, како и во најблиските градови во Хрватска.
До утрово нема информации дали некаде е причинета значителна материјална штета.
02.03.2024 - 10:42
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа