Close Menu
Press24
    Најново

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Жена нападната од сопругот со кој се разведува
    • Мечка загина во сообраќајка на автопатот Скопје – Тетово
    • Денеска е Денот на Обединетите нации: 81 година од стапувањето во сила на светската Повелба за мир
    • Нови демонстрации ширум Албанија: Протестите продолжуваат, Еди Рама се закани со строги казни за насилниците
    • Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?
    • Тежок судир на крстосница во Скопје: Мопедист со тешки повреди заврши во болница по несреќа со „фолксваген“
    • Акција во Неготинско: Запленети марихуана и семки од канабис кај 61-годишен скопјанец
    • Нови контроли од УЈП: Започна проверка на приливите од странство за 2021 година, испратени предупредувања до граѓаните
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Зелен хуман град: Забрана за огномет на територијата на Град Скопје веднаш

    Зелен хуман град: Забрана за огномет на територијата на Град Скопје веднаш

    10.12.2025 во 14:452 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД денес, преку нашиот советник во Град Скопје, Марјан Калевски, поднесе Иницијатива за забрана на огномет на територија на Град Скопје. Со иницијативата се забранува употреба на експлозивни материи од физички и правни лица за прослави и забава – практика што со децении ги загрозува животната средина, како и здравјето и безбедноста и на луѓето и на животните.

    „Огнометите ослободуваат огромни количини PM2.5 и PM10, токсични гасови (CO, SO₂, NOx), како и тешки метали како што се бариум, бакар, стронциум и олово, кои ги загадуваат почвата, воздухот и водата. Последиците директно ги погодуваат најранливите групи: деца, бремени жени, лица со астма, ХОББ и кардиоваскуларни заболувања. Научните студии покажуваат значителни скокови во загадувањето на воздухот и водата по огномети, со сериозни ефекти врз дивиот свет и луѓето.

    Бучавата и интензивната светлина предизвикуваат тешки психолошки и сензорни реакции: анксиозност, панични напади, флешбекови кај лица со синдром на посттрауматски стрес, сензорен колапс кај лица со аутизам или сензорни нарушувања, како и ризик од епилептични напади кај лицата со фотосензитивна епилепсија. Овие последици се научно докажан сериозен ризик по здравјето.

    Последиците врз животните се драматични. Околу 70–75% од домашните миленици доживуваат силен страв, тресење, паника, обиди за бегство и повреди, а кај дивите животни се документирани масовни угинувaња, особено кај птици. Кај животните огнометите предизвикуваат висок стрес, дезориентација, бегство и смрт.

    Законот за заштита од експлозивни материи во член 36 веќе предвидува забрана за употреба без дозвола и стручно лице, но овој закон речиси никогаш не се почитува. Законот за Град Скопје во член 10 ја обврзува локалната власт да ги заштити воздухот, водата, почвата, природата воопшто и да спречува бучава. Забраната на огномети е неопходна и многу задоцнета мерка.

    Огнометите значат нарушено здравје, покачено загадување, ризик од пожари и системско малтретирање на животните. Затоа многу градови во светот преминуваат на алтернативни визуелни форми на прослави кои не предизвикуваат штета.

    Ги повикуваме сите советнички групи во Советот на Град Скопје да ја поддржат иницијативата. Да покажат дека здравјето на луѓето и на животните, на најранливите жители на Скопје, ни е на прво место на сите“, стои во реакцијата на Зелен Хуман Град испратена до медиумите.

    Прочитај повеќе

    Ѓорѓиевски за 23 Октомври: ВМРО е непокор, Македонија е аманет, а слободата е завет

    23.10.2026 во 12:06

    Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година

    22.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.