Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Детали: Приведениот обвинител од Прилеп ургирал во 4 предмети и барал пониски казни – колегите го снимале цело време

    07.10.2026 во 10:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ: Левица не се појави во салата кога се гласаше за минимална плата од 600 евра
    • Сончево и топло до крајот на неделата – за викендот вистински пресврт
    • Акција на полицијата за време на кошаркарски натпревар во Аеродром: Фатени лица со пиротехника
    • Малолетничка пријавила дека била физички и психички малтретирана – Уапсени тројца членови на семејство од гостиварско
    • Кристи Пајк се освести и почна да зборува – единствената личност во САД која преживеа смртна казна
    • „Оперирал“ низ Аеродром, полицијата му најде 12 украдени велосипеди
    • Клековски: Сериите на БСЖ-вакцината се искористени до јуни годинава, без документирани несакани ефекти
    • Ѓорѓиевски: Во тек е конструкција на паркот „Жена Борец“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Здравството под лупа: Обуки за препознавање и спречување корупција

    Здравството под лупа: Обуки за препознавање и спречување корупција

    22.06.2026 во 11:062 Mins Read
    ЕСЕ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Повеќе од 160 лекари, акушери, медицински лица и други здравствени работници од цела Македонија ќе поминат обуки за борба против корупцијата во јавниот здравствен систем.

    Целта на обуките е да се унапредат знаењата и вештините на здравствените работници за препознавање, спречување и пријавување корупциски случаи, со што би се придонело кон создавање поправеден и поодговорен здравствен систем, информираа од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ.

    Активноста е дел од проектот „Посилен систем за поправедна заштита: Намалување на корупцијата во здравството“, кој го спроведува Здружението ЕСЕ.

    Од здружението посочуваат дека борбата против корупцијата треба да започне токму во здравствените установи, каде здравствените работници имаат важна улога во препознавањето и спречувањето на коруптивните практики.

    Во рамки на проектот, минатата недела се одржала обука за обучувачи, на која учествувале здравствени работници кои понатаму ќе ги спроведуваат обуките во различни региони низ државата.

    На обуките се обработувале теми како етичко постапување, медицинската етика и корупцијата во здравството, родовите аспекти на корупцијата, механизмите за пријавување, заштита на пријавувачите и институционалната одговорност.

    Професорката Гордана Панова истакна дека корупцијата во здравството често се појавува преку барање или давање услуги и средства за добивање побрза или поквалитетна здравствена услуга, поради што здравствените работници треба да имаат клучна улога во нејзиното спречување.

    Експертката за борба против корупција Лилјана Цветаноска нагласи дека е важно да се препознаваат различните форми на корупција, бидејќи за секоја од нив се потребни различни мерки за превенција и намалување.

    Здравствените работници ја оцениле обуката како корисна за нивната секојдневна работа, особено во делот на препознавање корупциски ризици, еднаков третман на пациентите и механизмите за пријавување.

    Проектот се реализира со поддршка на Expertise France преку Agence française de développement и опфаќа три главни активности: обука на здравствени работници, подигнување на свеста кај граѓаните и подобрување на политиките и процесите во здравствениот систем.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    СДСМ: Левица не се појави во салата кога се гласаше за минимална плата од 600 евра

    07.10.2026 во 16:38

    Сончево и топло до крајот на неделата – за викендот вистински пресврт

    07.10.2026 во 16:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.