Close Menu
Press24
    Најново

    Охриѓанец голтнал дрога пред полицијата и починал

    09.07.2026 во 12:45

    Ова се невидени гужви – 9 европски земји бараат измени на системот со сликање на граници

    09.07.2026 во 12:33

    ФОТО: Носел 24 пакети со дрога – Апсење на „Деве Баир“

    09.07.2026 во 11:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Охриѓанец голтнал дрога пред полицијата и починал
    • Ова се невидени гужви – 9 европски земји бараат измени на системот со сликање на граници
    • ФОТО: Носел 24 пакети со дрога – Апсење на „Деве Баир“
    • Се менуваат правилата за горивата: Нови стандарди за квалитет и контрола на пазарот
    • ДЗР со критики до Агенцијата за вработување: Милиони за вработување распределени нерамномерно
    • Побрзо минување на границите: Македонија го шири One Stop системот
    • Шефот на Интерпол во посета на МВР: Македонија важен партнер на Интерпол во борбата против организираниот криминал
    • Ужас во Македонија: Пензионер полово вознемирувал жена пред нејзината малолетната ќерка
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Здравствен дом Гостивар засилен со 18 нови вработувања: Шест лекари и осум сестри добија решенија

    Здравствен дом Гостивар засилен со 18 нови вработувања: Шест лекари и осум сестри добија решенија

    05.05.2026 во 11:242 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Здравствениот дом во Гостивар ги зголеми своите персонални капацитети со вработување на 18 нови лица. Во просториите на установата вчера беа врачени решенијата за вработување на 14 медицински лица, од кои шест се лекари и осум медицински сестри. Покрај медицинскиот кадар, тимот е засилен и со еден возач, еден општ работник, администратор и хигиеничар.

    Директорот на установата, Вулнет Оломани, истакна дека овие нови вработувања се од клучно значење за ефикасноста и квалитетот на здравствените услуги во регионот.

    „Ова е значаен чекор кон подобрување на работењето и пополнување на работните позиции за кои ни недостигаше персонал. Тоа секако ќе подобри ефикасноста и пружањето на услугите кои се под ингеренции на Здравствен дом“, изјави Оломани.

    Првиот човек на установата најави дека и во текот на оваа година ќе бидат поднесени нови барања до Министерството за здравство за дополнителни вработувања, со оглед на тоа што домот покрива подрачје со над 100 илјади жители.

    Освен кадровско зајакнување, Оломани најави и инфраструктурни промени. Летово е планирано да започне реконструкција на постојниот објект, како и негово проширување со надградба.

    Во Здравствениот дом во Гостивар моментално работат близу 200 лица. Тие ги опслужуваат осигурениците од општините Гостивар и Врапчиште во рамките на Брзата помош, патронажната служба, вакцинацијата, детската стоматологија и лабораторијата.

    Прочитај повеќе

    Охриѓанец голтнал дрога пред полицијата и починал

    09.07.2026 во 12:45

    ФОТО: Носел 24 пакети со дрога – Апсење на „Деве Баир“

    09.07.2026 во 11:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.