Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Заврши „Училишна кошничка“: Заштеда од 2.000 денари за купување прибор

    Заврши „Училишна кошничка“: Заштеда од 2.000 денари за купување прибор

    18.09.2025 во 00:012 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Со мерката „училишната кошничка“ која заврши на 15 септември, заштедата за двајца ученици е околу 3.000 денари, соопшти денеска од Куманово, заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, кој најави дека во петок ќе достават известување до Владата со конечните сознанија за мерката. „Училишната кошничка“ како мерка почна од 15 август и траеше до 15 септември, годинава.

    „Мерката беше одлична можност за сите ученици пред сè за родителите на учениците и студентите, бидејќи студентската година почнува. Мислам дека имаа одлична можност на сите пунктови каде што се набавуваат училишни материјали да ги купат по поевтини цени, она што беше предвидено со одлуката и мерката. Да пофалам, некои книжарници имаа и акција на поголеми намалувања од она што беше предвидено со самата мерка“ изјави Ристески.

    Тој додаде дека Пазарната инспекција извршила околу 150 контроли на преку 400 објекти кои продавале училишен прибор, книжарници, маркети, други објекти, пунктови.

    „Беа увидени мали пропусти некаде. Во глобала се придржуваа на мерката, самите трговци ја почитуваа, имаше мали опомени,  меѓутоа до крај се испочитува мерката. Мислам дека од она што го имаме како првични сознанија, а конечен податок ќе имаме во петок со известување до Влада, по ученик е заштедено од 750 до 2.000 денари и просечно семејство кое има два ученици или студенти би заштедиле во овој период 3.000 денари, токму со училишната кошничка“ изјави Ристески.

    Featured
    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Преку Македонија, Александрополи ќе се поврзе со Европа

    19.09.2026 во 11:38

    Мицкоски: Дата центрите се иднината, но постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

    19.09.2026 во 10:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.