Close Menu
Press24
    Најново

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Се судрија мопед и „мерцедес“ на булевар „Кочо Рацин“
    • Инстаграм профилот на агенцијата Бета под хакерски напад
    • По децении запуштеност, ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
    • Бугарија нема да учествува во новиот финансиски пакет: Радев ја одби европската иницијатива за нов заем од 70 милијарди евра за Украина
    • Македонскиот јазик и култура се негуваат меѓу младите во Хрватска преку проект во Пула
    • Американски „Quartz“ ја објави листата за 2026 година: Сараево е најдобра дестинација на Балканот
    • Герасимовски: Барутана нема да оди на гласање без дополнителни анализи за безбедноста
    • Трамп демантира ескалација: САД нема да го нападнат Иран пред изборите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Затвор за двајцата жители на Корешница кои киднапираа и тепаа момче во Неготино

    Затвор за двајцата жители на Корешница кои киднапираа и тепаа момче во Неготино

    26.08.2026 во 16:053 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Двајца грабнувачи од село Корешница, демиркаписко, добија по 6 и 4 години затвор за грабнување на жител на  Неготино, пресуди вчера Основниот суд Кавадарци.

    По психијатриско вештачење, обвинението против првообвинетиот Б.М. претрпело мали измени бидејќи обвинетиот бил во состојба на битна намалена пресметливост поради трајна душевна болест – хронична психоза, параноја и патолошка љубомора.

    По пресудата на Б.М и на Ќ.С. им е продолжен притворот до правосилноста.

    Обвинетите го признале делото и изразиле жалење.

    Во април Секторот за внатрешни работи Велес информираше дека две лица од демиркаписко Корешница се уапсенни бидејќи грабнале момче од Неготино, го внеле во автомобил, му се заканувале со пиштол и со нож, а потоа и физички го нападнале.

    „Полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода Б.М.(37) и Ќ.С.(30), двајцата од село Корешница, постапувајќи по претходна пријава дека тие со патничко возило „мерцедес“ со демиркаписки регистарски ознаки, противправно лишиле од слобода 21-годишник од Неготино, му се заканувале со пиштол и остар предмет, по што го однеле на непозната локација и физички го нападнале“ информираше тогаш СВР Велес.

    На 14 април, судот во Кавадарци определи притвор за двајцата осомничени грабнувачи.

    Според тогашното соопштение на Обвинителството, двајцата осомничени на 12 април заедно извршиле грабнување на лице со намера да го присилат да сними изјава со признание дека ја силувал сопругата на првоосомничениот 37-годишник. Неговиот соизвршител, 30-годишник од истото село, при грабнувањето употребил и пиштол, кој го репетирал и со кој му се заканил на оштетениот.

    „Тие го качиле оштетениот во автомобил од дворот на неговата куќа во Неготино и се упатиле по стариот пат кон Демир Капија, а за цело време му се заканувале по живот и го удирале со боксови. Го фрлиле мобилниот телефон на оштетениот и му ставиле црни ќеси на главата за да не гледа каде го носат. Кога стигнале во шума, го извадиле од возилото и го терале да слуша аудио снимки и да признае дека тој е сниманото лице, но оштетениот за цело време негирал. Поради тоа, двајцата осомничени му се заканувале дека ќе го силуваат и ќе го убијат, па го удирале со боксови и со пластична цевка, нанесувајќи му тешки телесни повреди“, соопшти Обвинителството.

    Меѓутоа, пред да му го фрлат мобилниот телефон, оштетениот успеал да прати порака за помош во полиција, а и соседите го виделе како влегува во возилото.

    Врз основа на овие информации, полицијата ги идентификувала грабнувачите и ги контактирала, а тие дознавајќи дека се откриени, го однеле оштетениот во полициската станица во Неготино. 

    Прочитај повеќе

    Се судрија мопед и „мерцедес“ на булевар „Кочо Рацин“

    20.10.2026 во 23:46

    „Летала“ со автомобилот: 24 годишна девојка од Подмочани возела 142 км/ч на место каде дозволено е 50

    20.10.2026 во 18:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.