Започна реконструкцијата на водоводната мрежа на улица „Димитар Тодоровски“, со која е предвидена целосна замена на постојната водоводна линија, вклучително и сите приклучоци до крајните потрошувачи.
Со оваа реконструкција, постојната дотраена водоводна мрежа, стара повеќе од 40 години и изградена од лиено-железни цевки, ќе биде заменета со нови, современи полиетиленски цевки (PE), кои обезбедуваат поголема трајност, сигурност и ефикасност во водоснабдувањето.
ЈКП „Водовод“ – Битола продолжува со континуирани инвестиции и активности за обновување и модернизација на дотраената водоводна инфраструктура, со цел намалување на загубите на вода и обезбедување квалитетно, сигурно и одржливо водоснабдување за сите граѓани, информираат од ЈКП Водовод Битола.

