Заев: Усвоен договорот за коалицирање со ДУИ
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев по седницата наЦентралниот одбор на партијата, ги истакна одлуките кои што беа донесени вечерва. Тој потврди дека на седницата е усвоен договорот за коалицирање со ДУИ и ги соопшти предложените министри.
-Централниот одбор на СДСМ ја одржа 16-та седница, на која се донесоа важни одлуки околу формирањето на новата влада. Се усвои договорот за коалицирање со политичката партија ДУИ. Со тоа е обезбедено парламентарно мнозинство за формирање на Влада. Имавме големина јас и Ахмети, се согласивме јас да ја водам владата 4 години, а во последните 100 дена да има премиер по предлог од ДУИ. Слеуваат конкретни итни мерки за финансирање на капитални инфраструктурни проекти. Во делот на судските реформи, ќе инсистираме на силна транспаретност и одговороност во распределбата на предметите. Следува прочистување на судството и потекло на имотот и парите, рече Заев.
Според него уште повеќе ќе продолжат инвестициите во јавното здравство во битката против коронавирусот.
-Во делот на надворешната политика, продолжуваме на имплементација на договорите со Грција и со Бугарија, како и Рамковниот договор. Овие принципи ќе ги реализираат професионални, отчетни и одговорни кадри посветени на интересирите на граѓаните. Централниот одбор ги прифати предложените кандидати за министри, рече Заев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа