Неготино за Фросина: „Стоп за сообраќајното насилство“

 

Со транспаренти, шарени балони и барање за правда за прерано згаснатите животи започна протестниот марш во Неготино „Стоп за сообраќајното насилство“.

Маршот е предводен од другарките на 22 годишната Фросина Кулакова од Неготино која на 29 јануари го загуби животот откако беше прегазена на пешачки премин на булеварот „Партизански Одреди од 20 годишниот Васил Јованов кој автомобилот го управувал без возачка дозвола во алкохолизирана состојба и поминал на црвено светло.

Родителите на Фросина, членови на нејзиното семејство, другари и пријатели се на протестниот марш.

На протестот пристигнаа и роднини на други жртви во сообраќајот кои со години се во неизвесност во судниците и очекуваат судот виновниците за сообраќајните незгоди со смртни последици да ја добијат предвидената казна со закон, а органите на прогонот и надлежните инстанци во разумен рок да ги завршуваат судските процеси против сторителите на тешки кривични дела во сообраќајот.

Присутни се и голем број граѓани од Скопје, но и од другите градови кои ја даваат својата поддршка.

08.02.2025 - 15:13

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега