Перински во Аеродром: Заедно со граѓаните до поголем напредок на општината од секој аспект

 

Во рамки на теренските посети по општините „Каде што срцето е дома“, граѓани, претставници на бизнис секторот, невладини организации и просветни работници од Аеродром, денеска се сретнаа со министерот за локална самоуправа, Златко Перински и неговиот заменик, Ерџан Селими.

На средбата, тие ги изразија своите мислења, предлози и идеи за подобрување на квалитетот на секојдневието. Зборуваа за актуелните измени на Законот за локална самоуправа, за кој присутните граѓани изразија голема поддршка, а дадоа и конструктивни предлози за зголемување на безбедноста во сообраќајот на подрачје на Аеродром, за стимулирање на младите спортски надежи и зачувување на зелените парковски површини.

Разменети се и конкретни предлози за надминување на проблемот со автошколите кои делови од населбите неосновано ги користат како полигони, како и за преземање на долгорочни решенија со кои ќе се надмине проблемот со загадувањето на воздухот и бездомните кучиња.

Ме радува изразениот интерес кај граѓаните за соработка, што впрочем е и една од целите на нашите посети. Верувам, но и убеден сум дека заедно со нив, Општината, Владата и нас како Министерство, секој во рамки на своите ингеренции, ќе продолжиме да преземаме мерки и чекори за поголем напредок на општината од секој аспект, од кои најголема корист ќе имаат токму граѓаните“, изјави министерот Перински.

08.02.2025 - 15:15

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега