Заев: Нема да бидеме краен корисник на природен гас од само еден извор, туку важна транзитна рута

Премиерот Зоран Заев со објава на Фејсбук се осврна на најновата одлука на владата со која Македонија влегува во проектите Терминал на течен природен гас Александропулос и Гасна централа Александропулоси наведе дека стануваме важна транзитна рута за природен гас во цела Југоисточна Европа.

 „Северна Македонија  вложува во меѓународните проекти Терминал на течен природен гас Александропулос и Гасна централа Александропулос.

На 53-тата седница, ја усвоивме потребата за потпишување меморандуми за соработка за овие два проекти. Станува збор за соработка помеѓу „НЕР АД“ Скопје и „Копелозу Груп“ и помеѓу „АД ЕСМ“ и „Гастрејд С.А.“ за закуп на капацитет во ЛНГ Терминалот, како и помеѓу „АД ЕСМ“ и „ДАМКО ЕНЕРЏИ С.А.“ за стекнување на 25% удел во „Александрополис Електрисити Продукшн С.А.“.

Повеќе нема да бидеме краен корисник на природен гас од само еден извор, туку Северна Македонија ќе биде важна транзитна рута за природен гас во цела Југоисточна Европа преку новите гасоводни интерконекции со нашите соседи.“ напиша Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.03.2021 - 14:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега