Заев: Не доликува на земја членка на НАТО на 100 дена пред секои избори да има Влада која продуцира поделби, наместо решенија

Техничката Влада имаше мандат само да организира избори, но ете, поради околностите со коронаворусот моравме да делуваме во вонредни околности. Можам да кажам дека сум задоволен, одговорно се работеше, во интерес на граѓаните. Низ сите овие месеци сведоци бевме на доста опструкции во работење на преодната влада, од страна на членовите на ВМРО-ДПМНЕ. Сметам дека треба сериозно да се размисли дали во иднина има потреба од влада во ваков формат, особено што не доликува на земја членка на НАТО и преговоарач со ЕУ на 100 дена пред секои избори да има Влада која продуцира поделби, наместо решенија. Можеби е време да се размислува и изнајде поинакво решение за органзиирање на фер, слободни и демократски избори, кажа лидерот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за 24инфо.

За гласањето на 15 јули ветува дека ќе биде безбедно за сите граѓани и сериозно се размислува исто да се одвива во надворешни услови. 

-Државата, институциите се подготвени да организираат целосно безбеден изборен ден и изборна кампања. Веќе е договорено дека изборите ќе бидат на ден среда, 15 јули, а вторник и четврток 13 и 14 јули да биде изборен молк но и денови во кои ќе гласаат болните и изнемоштени, како и лицата заболени од коронавирус, лицата кои се во изолација и самоизолација и сето тоа ќе биде регулирано со измените на Изборниот законик. Во однос на гласањето надвор, пред гласачките места, тоа е предлог за кој сериозно се размислуваше, но сепак треба да имаме предвид дека станува збор за гласање во неконтролирани услови, особено од апсект на временските услови. Сепак, продолжениот рок за гласање, како и протоколите од Комисијата за заразни болести овозможуваат гласањето и внатре во гласачките места да биде целосно безбедно како за гласачите, така и за избирачките одбори и набљудувачите. Главен приоритет на СДСМ се граѓаните и нивната благосостојба. Во овие услови на глобална пандемија на коронавирусот и борбата со опасниот и непредвидлив непријател, целосно се прилагодуваме на новите услови. Почитувањето на Протоколите и на мерките за заштита се најважни за нас.  Затоа, кампањата на СДСМ ќе биде без митинзи. Големите собири и сите потенцијално ризични настани, ќе бидат заменети со нови алтернативни начини на кампања. Веќе соопштивме, до граѓаните ќе се обраќаме на повеќе начини со онлајн дигитални активности, преку медиумите, преку видеа и графички пораки на социјални медиуми, спотови, веб банери и слично.

Другата група на активности кои што ги планираме се офлајн и опфаќаат, печатени програми и летоци, информативни штандови, билборди, прес конференции, како и средби со граѓаните со ограничен број на публика од 50 граѓани на отворен простор и 30 во затворен простор. Почитувајќи ги протоколите секако, секој присутен да носи маска, да одржуваат дистанца од 2 метри, со средства за дезинфекција а бројот на присутни да биде под строга контрола и во ограничен број, како што споменав. СДСМ е гарант за заштита на здравјето на граѓаните и ние тоа ќе го покажеме и во оваа кампања. Со доследно почитување на мерките за заштита заедно со граѓаните ќе бидеме дел од решението. Заедно и обединети ќе ја надминеме здравствената криза, ќе го победиме коронавирусот и после големата победа на 15 јули ќе обезбедиме европска и просперитетна иднина.  Затоа што знаеме како, затоа што можеме - вели Заев.

 За работата на МВР за време на Техничката Влада вели дека е лоша и на штета на државата и граѓаните.

- За жал додека сите институции, особено здравствените медицински работници даваат се од себе да се справат со коронавирусот, од Наќе Чулев видовме само следење партиски инструкции и дејствување против здравјето на граѓаните, злоупотребата на полицијата за партиски цели на ВМРО-ДПМНЕ и ништо друго. Чулев има сериозна одговорност за состојбата со коронавирусот во која се наоѓаме денеска. Неговото неодговорно, несериозно и незрело однесување на штета на здравјето и безбедноста на граѓаните, додека тераше партиски агенди, потсети на времињата од режимот, кога МВР беше претвроно во МВРО-ВМРО. Не се само кафаните и теретаните, зборуваме за цел сет на бројни настани во кои не се почитуваа мерките за заштита или се злоупотребуваа институциите. Полни им беа устите со здравје а покажаа дека се лош пример кој никој не треба да го следи, напротив. Впрочем, несериозното и неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ кое трае со години нанзад се покажа и за време на оваа глобална здравствена криза. Сега на 15 јуни, доаѓа казната, граѓаните ќе кажат што мислат за оваа незрелост, и за оваа неодоговрност на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ - кажа Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.06.2020 - 11:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега