Close Menu
Press24
    Најново

    Снег паѓа во Грција, се е замрзнато како среде зима

    17.10.2026 во 14:48

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Од полноќ не чека ново но мало поскапување на дизелот

    19.10.2026 во 10:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Берзите здивнаа: Укинувањето на руските санкции од страна на Трамп го спречи нафтениот шок
    • Регулаторна одлучи: Од полноќ дизелот повторно ќе биде поскап од бензинот
    • МОН воведува реформи за иднината на младите: Функционални регистри за кариерни советници во училиштата
    • Удрил во 8-годишно дете кое минувало улица на пешачки премин и веднаш избегал од местото на несреќата: МВР со детали
    • Загрижена мајка јавно раскажа: Со ќерка ми не нападнаа улични кучиња – едвај се спасивме
    • Мицкоски: И покрај сите шпекулации струјата нема да поскапи
    • Рама ги освежи полицајците: По 2.500 евра за сите во првата линија на протестите
    • Ќе има поголема транспаретност каде се трошат буџетските пари: Усвоен законот за државна ревизија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » МВР: За пет часа казнети 189 пешаци низ Македонија, 159 од нив не поминувале на пешачки

    МВР: За пет часа казнети 189 пешаци низ Македонија, 159 од нив не поминувале на пешачки

    03.09.2026 во 11:411 Min Read
    ФОТО: МВР
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Вчера во периодот од 10:00 до 15:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола насочена кон прекршоци сторени од пешаци.

    При спроведената контрола, констатирани се вкупно 189 прекршоци. Најголем број прекршоци се констатирани на подрачјето на СВР Штип – 57, СВР Битола и СВР Струмица по 32 и СВР Тетово со 27 прекршоци, соопшти МВР.

    „Од вкупниот број констатирани прекршоци, 159 се однесуваат на небезбедно преминување на улица, односно преминување надвор од обележан пешачки премин или на место кое не е предвидено за преминување на пешаци. За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.

    Во текот на контролата констатирани се и 134 прекршоци од друг вид. Министерството за внатрешни работи продолжува со спроведување на засилени сообраќајни контроли со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Апелираме до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, улиците да ги преминуваат исклучиво на обележани пешачки премини или на други места предвидени за безбедно преминување и со своето однесување да придонесат за поголема безбедност во сообраќајот“, стои во соопштението од МВР.

    Прочитај повеќе

    Удрил во 8-годишно дете кое минувало улица на пешачки премин и веднаш избегал од местото на несреќата: МВР со детали

    19.10.2026 во 13:20

    Тешка сообраќајка: Пензионер прегази 21-годишен пешак

    19.10.2026 во 13:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.