За непрописно престигнување казнети 27 возачи на територијата на СВР Охрид

Полициски службеници од СВР Охрид денеска во периодот од 12:00 до 16:00 часот спроведоа акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на СВР Охрид, при што се санкционирани 27 возачи, од кои 15 на територија на Охрид, шест на територија на Дебар, пет на територија на Струга и еден на територија на Кичево.

Како што информира МВР, засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички да придонесеме за побезбедни патишта

05.01.2022 - 19:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега