Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска уште еднаш ја потврди својата намера да се повлече од претседателската функција, најавувајќи дека по овој потег земјата ќе се соочи со изборен процес.

Шефот на српската држава, за време на својата официјална посета на Кина, појасни дека по неговото заминување овластувањата привремено ќе ги преземе претседателот на Собранието, согласно уставните процедури.

„Јас не го скратувам мандатот, како што јавноста беше доведена во заблуда дека Борис Тадиќ го скратил мандатот. Тој не го скрати, туку поднесе оставка. И јас ќе поднесам оставка, бидејќи така е предвидено со Уставот. Кога ќе го сторам тоа, во рок од 90 дена мора да се распишат претседателски избори, а ќе видиме дали ќе има и парламентарни. Тоа е тоа, нема голема филозофија.“

Српскиот претседател не го прецизираше точниот датум кога ќе ја официјализира одлуката, но ја искористи приликата да испрати остра порака до своите политички опоненти во државата.

Тој порача дека не е политичар кој сака по секоја цена да седи во претседателската фотелја до крајот на животот, за разлика од „некои други“, додавајќи дека изборите мора да се реализираат во максимален рок од три месеци.

Exit mobile version