Опозициската СДСМ денеска упати низа критики до премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го за неисполнување на економските ветувања и влошување на животниот стандард на граѓаните.

На прес-конференцијата, членката на Извршниот одбор на партијата, Симона Цветановски, изнесе загрижувачки податоци за растот на сиромаштијата во државата.

„Ништо не е подобро. После две години влада на Мицкоски граѓаните живеат полошо, едвај врзуваат крај со крај, со најниски плати во Европа, и секојдневна бoрба да се преживее од први до први. Сиромаштијата достигна 21,9 проценти уште во првата година од владеењето на Мицкоски.“

Социјалдемократите потенцираат дека постои огромен јаз меѓу вредноста на синдикалната минимална кошничка и висината на минималната плата со која располагаат работниците.

„Синдикалната кошничка порасна на речиси 69.000 денари, а минималната плата е само 26.000 денари, најниска во Европа.“

Цветановски во своето излагање ги спомена и капиталните економски параметри, нотирајќи остар пад кај странските инвестиции и зголемување на задолжувањето на земјата.

„Реалноста денес е катастрофална. Странските инвестиции се намалени за 61 процент, огромно намалување за 729 милиони евра во 2025 година… За само две години Мицкоски создаде нов долг од 2,5 милијарди евра и денеска долгот е историски најголеми 11 милијарди евра.“

Exit mobile version