Времето утре сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти УХМР.
До крајот на оваа седмица ќе се задржи претпладне променливо облачно време со сончеви периоди, а во попладневнте часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (над 40 km/h).
Во четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични прзнења, силен ветер (над 60 km/h) и услови за појава на град.
Утринските температури ќе паднат до 7 степени, дневните ќе се искачат до 33 степени.
- (ВИДЕО) Цветановски: Сиромаштијата достигна 21,9 проценти уште во првата година од владеењето на Мицкоски
- (ВИДЕО) Манасиевски: Филипче соработува со Виктор Стојанов кој е „персона нон грата“ во земјава
- УХМР со најнова прогноза: Температурите ќе се искачата до 33 степени, потоа следува драстичен пресврт
- Вучиќ: Ќе поднесам оставка
- Изгаснат пожарот во Радовиш, познато за која фабрика станува збор
- Утре нови цени на нафтените деривати
- Делови од Скопје утре ќе останат без струја
- Инцидент на небото: Русија му го блокираше GPS сигналот на авионот на британскиот министер за одбрана во близина на границата


