Вчера вечета во Т.П.П.Е Радовиш е пријавен пожар за запален магацин во просториите на поранешен Декортекс.Пожарот беше во разгорена фаза поради брзо запаливите материјалите кои што беа во него.
За неполни три минути од пријавата за пожар нашата екипа излезе на терен, соопштија од Т.П.П.Е Радовиш.
„Веднаш беа мобилизирани сите пожарникари,а на помош пристигнаа и екипи од Т.П.П.Е Струмица и Д.П.Д.Мантово.
Командирот Кулушиќ на кратко излегувајки од просториите кои што беа во пламен на кратко изјави пожарот е под контрола, дека гаснењето продолжува за пожарот целосно да биде изгаснат.
Сите пожарникари пожртвувано влегоа во просториите кои што беа во пламен,ризикувајки ги безпоштедно своите животи.
Пожарот е изгаснат.Како и од што настанал пожарот накнадно ке утврдуваат службите кои што излегоа на терен“, стои во соопштението од Т.П.П.Е Радовиш.


