Српскиот претседател Александар Вучиќ, како што објави Информер, буквално го „возеше“ Ивица Дачиќ во болница кога го виде во пресрет на комеморацијата на Владислав Јовановиќ.

Според овој медиум, претседателот Вучиќ бил „шокиран кога видел како изгледа Дачиќ и тешко дишел“.

„Кога Вучиќ го видел Дачиќ и разменил неколку зборови со него, веднаш му рекол дека не може да остане на комеморацијата и дека итно треба да оди во болница. Ивица на почетокот се двоумеше, но потоа сепак го послуша…“ раскажува извор на Информер.

Exit mobile version