Воведувањето на новиот систем за безбедност во сообраќајот „Safe City“ откри сериозни пропусти во ажурирањето на личните податоци на возачите. Основниот кривичен суд Скопје предупредува на два клучни предизвици кои се појавиле со првите сообраќајни казни евидентирани преку камерите.

Првиот проблем се однесува на граѓани кои ги продале своите возила, но не ги одјавиле во МВР, па сега казната стигнува на нивна адреса. Вториот предизвик се лизинг компаниите, кои масовно поднесуваат приговори за возила дадени на користење на трети лица.

„Сите поднесени приговори се навремено заведени во судот и согласно Законот за прекршоци, во законски рок од 8 дена се доставени до МВР за нивно произнесување“, објаснуваат од Кривичниот суд.

Оттаму додаваат дека навремено и транспарентно ќе ја информираат јавноста за понатамошниот тек на постапките, но и за сите обврски кои граѓаните се должни да ги преземат за да избегнат непотребни судски лавиринти.

Exit mobile version