Утре, на 27-ми февруари, не очекува сончево време со мала локална облачност и слаб ветер од променлив правец. Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб ветер.
Максималните температури ќе достигнат до 16 степени во Гевгелија, додека во Скопје и Демир Капија ќе изнесуваат 15 степени. Во Струмица се очекуваат 14 степени, во Велес, Штип и Тетово до 13, а во Охрид, Битола и Крива Паланка температурата ќе се искачи до 12 степени. Најсвежо ќе биде во Прилеп со 11, Берово со 10 и Маврово со 9 степени. Утринските температури на места ќе се спуштат под нулата, а најстудено ќе биде во Маврово и Берово со -4 степени.
Според најавите, под влијание на висок воздушен притисок следува период на стабилно, суво и се потопло време. Дневните температури ќе бидат во постојан пораст, па така во сабота ќе се движат до 15 степени, а во недела до 17 степени.
Затоплувањето продолжува и на почетокот на следната недела. Во понеделник максималната температура ќе достигне 18 степени, во вторник до 19, а во среда не очекуваат вистински пролетни 20 степени. Во овој период ќе дува слаб до умерен јужен ветер, а по одредени котлини ќе има појава на магла.


