Вчера во СВР Скопје е пријавено дека во стан на сосед на подрачјето на Гази Баба во Скопје е пронајден С.Л.(29) од Скопје, кој бил во неконтактибилна состојба.

Лицето е пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје за укажување на лекарска помош, а во службен разговор неговиот татко П.Л.(63) појаснил дека С.Л. претходниот ден не се вратил дома од работа, а утрото соседот му јавил дека бил во неговиот стан и дека претходно консумирал алкохол, соопштија од МВР. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Exit mobile version