Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Интервентна полиција во акција: Фатен скопјанец, ќе лежи со години во затвор

    17.09.2026 во 08:53

    Ќе може да си купите стаж – добри вести за сите на кои им фали стаж за пензија

    15.09.2026 во 09:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Физичка пресметка за време на спортски натпревар во Аеродром – приведени двајца мажи
    • Инцидент во училишен двор во Скопје: Малолетник тешко повреден по физички напад од неколку врсници
    • Дедо од Кавадарци нашол паричник, ја извадил картичката па си пазарувал: Заработи кривична пријава
    • „Деверот не нападна“ – гостиварчанка повикала полиција
    • Тешко повреден тинејџер – возејќи мотоцикл се судрил со автомобил
    • Приведена пијана скопјанка – направила две сообраќајки
    • Уапсена 42-годишна жена од Штип: Украла пари од паричник во Тетово
    • Распуштена полициската единица за борба против дрога во Куманово поради слаби резултати
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Вториот уапсен во „Комунална хигиена“ е раководителот Аки Саити, распитот сѐ уште трае

    Вториот уапсен во „Комунална хигиена“ е раководителот Аки Саити, распитот сѐ уште трае

    27.10.2025 во 20:302 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Веќе пет часа во полициската станица Автокоманда трае распитот на директорот на ЈП „Комунална Хигиена“ Сабахадин Рустеми и раководителот на истото претпријатие, Аки Саити, објави 4news.mk. Според информациите, тие биле донесени околу 14 часот и можат да бидат задржани до 24 часа, односно до утре до 14 часот.

    Сè уште не е познато дали Обвинителството ќе предложи притвор или ќе одреди други мерки на претпазливост. Исто така, останува неизвесно дали ќе се прошири листата на други лица кои ќе бидат повикани на распит или евентуално приведени.

    Ова се случува по шестдневна истрага во ЈП „Комунална Хигиена“ и Градот Скопје, за време на која од претпријатието била одземена дополнителна документација.

    Инаку, попладнево повторно се огласи на Фејсбук градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска која објави ироничен статус во кој тврди дека директорот на ЈП „Комунална хигиена“ бил пуштен од полициска станица откако „признал дека е во срцето и душата ВЛЕН“.

    Според нејзиниот пост, по неколку часа убедување во полициска станица, директорот бил ослободен веднаш штом потпишал изјава за членство во партијата ВЛЕН. Арсовска нагласува дека тој „не е виновен за ништо“ и дека својата работа ја извршувал „чесно и совесно“.

    „Откако потпиша изјава дека е ВЛЕН, веднаш го пуштија да си продолжи со работата“, напиша Арсовска, додавајќи дека ваквите притисоци претставуваат политичка злоупотреба.

    Во истата објава, таа ги прозва и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицковски, обвинувајќи ги дека ветувале апсења на функционери од ДУИ, но наместо тоа „ги примаат во коалиција штом преминат во ВЛЕН“.

    Случајот засега се третира како дел од истрага за можно лошо управување и загрозување на јавниот интерес и животната средина, но деталите засега не се објавени.

    Прочитај повеќе

    Физичка пресметка за време на спортски натпревар во Аеродром – приведени двајца мажи

    17.09.2026 во 18:34

    Инцидент во училишен двор во Скопје: Малолетник тешко повреден по физички напад од неколку врсници

    17.09.2026 во 18:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.