Само 17 години имала девојката чие изгорено тело вчера било пронајдено во запален автомобил во Богданци.
Според неофицијалните информации до кои дојде Press24, истрагата се сомнева дека таа е жртва на убиство на 21 годишното момче кое исто така беше пронајдено мртво на местото на настанот. Според непотврдени информации тој се обесил во близина на автомобилот. Во какви околности починала малолетничката до овој момент не се знае, имајќи предвид дека телото било изгорено па повеќе одговори ќе треба да дадат вештачењата.
Според информациите до кои дојде Press24 17 годишната девојка подолг период била жртва на насилство од страна на нејзиното 21 годишно момче. На почетокот на минатиот месец, таа дури и го пријавила во полиција, за што МВР известува и во дневниот билтен.
„ На 01.10.2026 во 01:10 часот во Богданци, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија лишија од слобода 21-годишен жител на Богданци. Според пријавеното, тој на 30.09.2026 околу 21:00 часот во неговиот дом физички ја нападнал неговата 17-годишна девојка. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.“ – стоеше во информацијата на МВР. До овој момент немаме информации каква разврска имал овој случај.
Од МВР потврдуваат дека добиле пријава но не откриваат никакви детали за случајот.
„ На 03.11.2026 во 18:40 часот Т.К. од Богданци пријавил дека на место викано „Ичева чешма“, Горно село во Богданци забележал опожарено паркирано патничко моторно возило, во чија близина има безживотно тело.
Веднаш по пријавата полициски службеници од ПС ОН Гевгелија се упатени на местото на настанот, каде било констатирано дека во близина на опожареното возило имало машко лице кое не давало знаци на живот, по што било констатирано дека станува збор за В.Г.(21) од Богданци. Од екипа на Итна медицинска помош при ЈЗУ Општа болница Гевгелија била констатирана смрт. По локализирање на пожарот од страна на Бригадата за противпожарна заштита, било забележано дека во возилото има опожарено лице без знаци на живот.
За настанот веднаш е известен Јавен обвинител од ОЈО Гевгелија и извршен е увид. По насоки на Јавен обвинител телата се дадени на обдукција за утврдување на идентитет, односно утврдување на причините за смртта. Се преземаат мерки за утврдување на околностите и за целосно расчистување на случајот.“ – се вели во соопштението на МВР.
- Врска со трагичен крај во Богданци: Ја убил 17 годишната девојка и го запалил автомобилот
- (ФОТО) Хаос во студентскиот дом „Стив Наумов“: Преполни канти со отпад, исфлекани ѕидови и несредена кујна
- Серија апсења во Скопје
- Паднаа четири лица за злоупотреби со јавна набавка: Не извршиле прием на одземена жива стока
- Прегазено 6-годишно дете во Скопје
- „Граѓаните најмногу придонесоа“: Тошковски откри дека бројот на загинати во сообраќајки е намален
- Филипче бара оставка од Славески: Да не се обидува да го спаси Мицкоски
- Од понеделник банките го менуваат системот на плаќање – нови шифри на личните сметки на сите корисници

