Заедничките простории во студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје синоќа биле оставени во хаотична состојба.

Според информациите и објавените фотографии, во објектот се забележуваат преполни канти за отпадоци, иако во непосредна близина надвор од домот има поставено пет контејнери.

Нередот е видлив и во кујнскиот простор каде што користените садови и остатоците од храна биле оставени веднаш по користењето, а на подот има расфрлано сончоглед.


На фотографиите исто така се забележуваат и исфлекани ѕидови во заедничките простории кои ги користат студентите.


