Денеска во земјава ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови се очекуваат услови за локален развој на нестабилна облачност, проследена со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи.

Дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринските температури се движат во интервал од 11 до 22 степени, додека максималните дневни ќе се искачат од 32 до 39 степени Целзиусови.

Во Скопје времето е сончево и многу топло, со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Минималната температура во главниот град се спушти до 19 степени, а максималната ќе достигне до 38 степени.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), топлото време со мала до умерена облачност ќе продолжи и во текот на следните денови.

Exit mobile version