Единицата за насилен криминал при СВР Скопје – Одделението за насилен криминал и одделението за семејно насилство расчистија неколку кривични дела и во координација со ОЈО Скопје поднесе кривични пријави против две лица од Скопје.
Одделението за насилен криминал поднесе кривична пријава против Д.В.(37) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ по член 123 во врска со член 19 од Кривичниот законик. На 07.08.2026 околу 21:10 часот, по претходна расправија, тој со нож го нападнал А.К.(38) од Скопје и му нанел тешки телесни повреди, констатирани во ЈЗУ „Св.Наум Охридски“. Веднаш потоа, во 21:35 часот тој е лишен од слобода и бил пронајден ножот, а по документирање на случајот му е поднесена пријавата, по што е спроведен во пред судија за претходна постапка, кој му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
Додека, Одделението за семејно насилство поднесе кривична пријава против С.Р.(57) поради псотоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешка телесна повреда” по член 131 и „телесна повреда” по член 130 од Кривичниот законик.
Тој се сомничи дека во повеќе наврати физички ги напаѓал неговата 47-годишна сопруга, нивните две ќерки и нивниот син, а последен пат тоа го сторил на 07.08.2026 кога во семејниот дом во скопско со тврд предмет ги нападнал сопругата и една од ќерките, при што на сопругата нанел тешка телесна повреда, а на ќерката телесна повреда. По преземени мерки, на 08.08.2026 во 09:40 часот тој е лишен од слобода и во консултација со ОЈО му е поднесена пријавата по брза постапка, а од судија на претходна постапк му е одреден притвор во траење од осум дена.


