Времето утре сончево и многу топло со мала до умерена облачност, соопшти УХМР.
Попладне наместа ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Од УХМР соопштија дека следните денови продолжува периодот на сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност.
Дневната температура во некои места ќе достигне до 40°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови. Во четврток и петок ќе има услови за нестабилност со пороен дожд и појава на грмежи.


