Close Menu
Press24
    Најново

    СДСМ со критики до Апасиев: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”

    29.10.2026 во 08:21

    Водовод најави исклучување – Скопска населба останува без вода

    29.10.2026 во 08:20

    Светски ден на мозочниот удар: Бесплатни доплер-прегледи и мерења за рано откривање

    29.10.2026 во 08:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ со критики до Апасиев: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”
    • Водовод најави исклучување – Скопска населба останува без вода
    • Светски ден на мозочниот удар: Бесплатни доплер-прегледи и мерења за рано откривање
    • Јаневска на отворање конференција за интелектуалната сопственост во дигиталната ера
    • Шефот на словачката дипломатија во посета на Македонија – Средба со Муцунски
    • Опозицијата ќе поставува пратенички прашања до премиерот и министрите
    • Ќе снема струја во 08:30 – Најавени исклучувања во Скопје, ќе траат со часови
    • Подгответе се за промена на времето: УХМР најавува обилни дождови
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Временски ролеркостер во регионот, најавено и силно невреме – Доаѓа и кон Македонија

    Временски ролеркостер во регионот, најавено и силно невреме – Доаѓа и кон Македонија

    24.07.2026 во 09:272 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Облаците кои ја зафатија Србија во текот на ноќта во следните часови ќе се преместуваат кон јужните и источните делови на земјата. Така, дожд во наредниот период ќе има во регионите јужно од Сава и Дунав, а попладне и навечер се очекува разведрување низ цела Србија, изјави метеорологот на „Еуроњуз Србија“, Љубица Гојковиќ.

    „Продорот на студен воздух од северот на Европа денеска носи и благ пад на температурите. Во повеќето места живата во термометарот нема да надмине 25 степени, а најсвежо ќе биде на крајниот југ од земјата, каде се очекуваат околу 20 степени“, наведува Гојковиќ.

    За време на викендот ќе има краткотрајна стабилизација на времето. Во сабота и недела времето ќе биде мирно, без врнежи, со пораст на температурите. Максималната дневна температура во сабота ќе достигне до 28 степени, а во недела локално и над 30 степени.

    УХМР најави невреме и во Македонија. Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поинтензивни и ќе надминат 15 литри на квадратен метар, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

    На места се очекува нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а долж Повардарието повремено ќе достигнува брзина над 50 километри на час.

    Дневната температура ќе се движи во интервал од 20 до 27 степени Целзиусови.

    Во Скопје ќе преовладува променливо облачно и посвежо време, со повремени врнежи од дожд, кои на одредени места може да бидат пообилни. Во делови од котлината се можни поројни врнежи, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а максималната температура ќе достигне 26 степени.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    СДСМ со критики до Апасиев: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”

    29.10.2026 во 08:21

    Водовод најави исклучување – Скопска населба останува без вода

    29.10.2026 во 08:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.