Вкупно 428 албански полициски службеници биле унапредени во рамки на Министерството за внатрешни работи во последните две и пол години, соопшти ВРЕДИ.
Од коалицијата наведуваат дека во истиот период биле реализирани и над 100 вработувања на полициски службеници, како и повеќе од 50 нови вработувања во административните служби на МВР.
Како дел од процесот на децентрализација на услугите, отворени се осум единици за административни услуги, од кои пет се во рурални средини.
ВРЕДИ информира и дека се иницирани пунктови „One Stop Shop“ на граничните премини Блаце и Јажинце, а нивно отворање е предвидено и на Ќафасан, Блато и Белановце.
Според соопштението, за првпат е создадена можност Албанец да биде именуван за заменик-началник во сите единици на централно ниво во Министерството за внатрешни работи.
Од ВРЕДИ оценуваат дека овие резултати ја потврдуваат нивната посветеност на правичната застапеност, професионалното унапредување и доближувањето на услугите до граѓаните.


