Полицијата уапси 19-годишен тинјџер во Охрид, преку социјални мрежи му се заканувал на полицаец.

Како што соопшти МВР, вчера во охридско село, полициски службеници од СВР Охрид од слобода го лишија Д.Н.(19), постапувајќи по претходна пријава дека преку социјални мрежи упатувал закани кон полициски службеник, а потоа го оштетил и неговото патничко моторно возило.

По целосно документирање на настанот, против Д.Н. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Exit mobile version