Стопанската комора на Македонија ќе предложи измени на Законот за празниците со кои бројот на неработни денови практично би се свел на 13. Предлогот не предвидува укинување на празници, туку промена на начинот на кој вработените ги користат дополнителните неработни денови што важат само за одредени верски и етнички заедници.

Според предлогот, при засновање работен однос секој вработен би избрал кои два дополнителни празници, покрај 11-те што важат за сите граѓани, ќе ги користи како неработни. Од Комората оценуваат дека сегашниот модел создава нееднаквост меѓу граѓаните, бидејќи припадниците на одредени заедници можат да имаат значително повеќе неработни денови од други

Комората предлага и празниците што паѓаат во недела повеќе да не се префрлаат како неработен ден во понеделник. Според нивната анализа на 36 европски економии, во околу 70 проценти од земјите бројот на државни празници и неработни денови се движи меѓу 11 и 14,

Во Македонија има 11 неработни денови што важат за сите граѓани, но ако на нив се додадат петте дополнителни празници за православните верници, бројката достигнува 16. Од Комората сметаат дека големиот број отсуства од работа создава финансиски и организациски проблеми за компаниите и негативно влијае врз продуктивноста.

Exit mobile version